Кока-Кола (англиски: Coca-Cola) е газиран безалкохолен пијалок кој се продава во продавниците, рестораните или во автоматите низ светот. Компанијата тврди дека се продава во повеќе од 200 земји. Се произведува во компанијата „Кока-кола“ во Атланта, и често ја нарекуваат само Кока или (во Европа иАмерика) само Кола или Поп. Во почетокот, кога била измислена во 19 век од Џон Пембертон, била наменета да биде лек, но по ова била откупена од еден бизнисмен по име Аса Григс Кендлер, кој со помош на маркетинг тактики во текот на 20 век, ја донел до денешната доминација на светскиот пазар на безалкохолни пијалаци. Во 2009 година, кока-колата која била произведена во Македонија била прогласена како најдобра кока-кола во целиот свет.

No comments:
Post a Comment